1 Цареви
1 Кога царот Давид остаре и исполни години, иако го завиткуваа во алишта, но не можеше да се стопли.
2 Тогаш неговите слуги му рекоа: 'Нека побараат за нашиот цар - господар млада девица, за да стои при царот, да го гледа и да лежи при него, - и ке му биде топло на нашиот цар - господар.'
3 И бараа по сите израилски предели убава девица, и ја најдоа Ависага, Сунамитка, и ја доведоа при царот.
4 Девицата беше многу убава; таа го гледаше царот и му служеше; царот, ме утоа, не ја позна.
5 Адонија, синот Агитин, се возгордеа и рече: 'Јас ке бидам цар.' Па си набави коњи и коњаници и педесет души брзоодци.
6 Но татко му негов не го обеспокојуваше никогаш со прашањето: 'Зошто го правиш тоа?' Тој беше многу убав, а му се беше родил по Авесалома.
7 И тој се советуваше со Саруевиот син Јоав и со свештеникот Авијатар, и тие му помагаа на Адонија.
8 Но свештенкот Садок и Ванеја, Јодаевиот син, пророкот Натан, Семеј, Рисиј и Давидовите јунаци не ја држеа страната на Адонија.
9 И Адонија закла овци, волови и телиња при каменот Зоелет, што е при изворот Рогел, и ги покани сите свои брака, царски синови, и сите Јудејци што служеа при царот.
10 А пророкот Натан и Ванеја, и другите јунаци и братот свој Соломона не ги покани.
11 Тогаш Натан и рече на Вирсавија, Соломоновата жена, велејки: 'Слушна ли, дека Агитиниот син Адонија се прогласи за цар, а нашиот господар Давид не знае за тоа?
12 Сега, ете, јас те советувам: спасувај го животот свој и животот на синот свој Соломона.
13 Оди и влези при царот Давида и кажи му: 'Нели и се колнеше, господару мој, цару, на слугинката своја, велејки - синот твој Соломон ке биде цар по мене и тој ке седне на престолот мој? - Зошто тогаш се прогласил за цар Адонија?'
14 И ете, додека уште говориш таму со царот, ке влезам јас со тебе и ке ги дополнам твоите зборови.'
15 Вирсавија отиде при царот во спалната; царот беше многу стар, и Сунамитката Ависага му служеше.
16 Вирсавија се наведна и му се поклони на царот; царот праша: 'Што бараш?'
17 Таа му одговори: Ти и се заколна на слугинката своја во Господа, твојот Бог: - син ти Соломон ке царува по мене и тој ке седне на мојот престол.
18 А сега, ете, Адонија се прогласил за цар, а ти, господару мој, цару, не знаеш за тоа.
19 Тој заклал многу волови, телиња и овци и ги поканил сите царски синови, свештеникот Авијатар и воениот началник Јоав; а Соломон, твојот слуга, не го поканил.
20 Но ти си цар, господару мој, и кон тебе се свртени очите на сите Израилци, за да им соопштиш, кој ке седне на престолот на мојот цар - господар по него.
21 Инаку кога мојот господар, царот, ке почина при татковците свои, ке ме обвинат мене и синот мој Соломона.'
22 Додека таа уште говореше со царот, дојде и пророкот Натан.
23 Му соопштија на царот, велејки: 'Еве го пророкот Натан.' И тој влезе при царот и му се поклони ничкум до земја.
24 И Натан рече: 'Господару мој, цару! Си рекол ли ти: ‘Адонија ке царува по мене и тој ке седне на мојот престол?‘
25 Зашто тој сега слегол, заклал многу волови, телиња и овци, ги поканил сите цареви синови, воени началници и свештеникот Авијатар, и, ете, тие јадат и пијат кај него, и извикуваат: 'Да живее царот Адонија!'
26 А мене, твојот слуга, свештеникот Садок, Јодаевиот син Ванеја и твојот слуга Соломона не не покани.
27 Дали станало тоа по вољата на мојот цар - господар? И зошто ти не му откри на својот слуга, кој ке седне на престолот на мојот цар - господар по него?'
28 Одговори цар Давид и рече: 'Повикајте ми ја Вирсавија.' Таа влезе и застана пред царот.
29 Царот се колнеше и велеше: 'Жив е Господ, кој ја спасуваше душата моја од секоја невоља!
30 Како што ти се колнев во Господа, Бога Израилев, велејки дека син ти Соломон ке царува по мене и тој ке седне на престолот мој место мене, - така и ке го направам тоа денес.'
31 Тогаш Вирсавија се наведна ничкум до земја, му се поклони на царот и рече: 'Да живее мојот господар, царот Давид, засекогаш!'
32 И царот Давид рече: 'Повикајте ми го свештеникот Садок, пророкот Натана и Јодаевиот син Ванеја.' И тие влегоа при царот.
33 Тогаш царот им рече: 'Земете ги со себеси слугите на вашиот господар, качете го Соломона, мојот син, на маската моја и одведете го во Гион.
34 И таму свештеникот Садок и пророкот Натан нека го помажат за цар над Израилот, затрубете со труба и извикајте: ‘Да живее царот Соломон!‘
35 Потоа придружете го назад, и тој ке дојде и ке седне на мојот престол; тој ке царува место мене; нему сум му ветил да биде водач на Израилот и на Јуда.'
36 Ванеја, Јодаевиот син, му одговори на царот и рече: 'Амин! - така нека каже Господ, Бог на мојот цар - господар:
37 како што Господ беше со мојот цар - господар, така да биде Он и со Соломона и да го возвеличи престолот негов повеке од престолот на мојот господар, царот Давида!'
38 Тогаш свештеникот Садок, пророкот Натан, Јодаевиот син Ванеја, Хетејците и Фелетејците отидоа и го качија Соломона на маската од цар Давида и го поведоа кон Гион.
39 И свештеникот Садок зеде рог со елеј од скинијата и го помаза Соломона. И затрубија со труба, и сиот народ извика 'Да живее царот Соломон!'
40 И сиот народ го придружуваше Соломона и народот свиреше со свирки и многу се радуваше, така што земјата трепереше од викањето негово.
41 И чу Адонија и сите поканети од него, што беа престанале да јадат; а Јоав, откако чу звук на труба, запраша: 'Од што ли е овој шум на разбрануваниот град?'
42 Додека уште говореше, дојде Јонатан, синот на свештеникот Авијатар. И Адонија му рече: 'Влези, ти си чесен човек и носиш добра вест.'
43 Јонатан одговори и му рече на Адонија: 'Нашиот господар, царот Давид, го постави Соломона за цар;
44 и царот испрати со него свештеникот Садок, пророкот Натан, Јодаевиот син Ванеја, Херетејците и Фелетејците, и тие го качија на царската маска;
45 и свештеникот Садок и пророкот Натан го помазаа во Гион за цар, и тргнаа оттаму со радост, и градот се раздвижи. Ете од што е шумот, што го слушате.'
46 И Соломон веке седна на царскиот престол.
47 А царските службеници доа аа да го поздрават нашиот господар, царот Давида, велејки: ‘Твојот Бог нека го прослави името на Соломона повеке од твоето име и нека го возвеличи неговиот престол повеке од твојот престол!‘ И царот се поклони од леглото свое
48 и го рече ова: нека е благословен Господ, Бог Израилев, Кој денес од семето мое го дарува седнатиот на мојот престол, и тоа моите очи да го видат!'
49 Тогаш сите поканети при Адонија се уплашија, станаа и се разотидоа секој по патот свој.
50 Адонија, пак, плашејки се од Соломона, стана, отиде и се фати за роговите на жртвеникот.
51 и му соопштија на Соломона, велејки: 'Адонија се плаши од царот Соломона, и, ете, тој се држи за роговите на жртвеникот и вели: ‘Нека ми се заколне сега царот Соломон, дека нема да го убие со меч својот слуга.‘'
52 И Соломон рече: 'Ако тој биде чесен човек, ни едно влакно од него нема да падне на земјата; но, ако се најде во него лукавство, ке умре.'
53 Тогаш Соломон истрати, та го доведоа од жртвеникот. Тој дојде и му се поклони на цар Соломона. А Соломон му рече: 'Оди во домот свој!'