Битие. Chapter 28
1 Затоа Исак го повика Јакова, го благослови, и му заповеда, велејки : 'Немој да земеш жена од керките хананејски!
2 Стани, па оди во Месопотамија, во домот на Ватуила, таткото на мајката твоја, и оттаму земи си жена, од керките на Лавана, вујкото твој.
3 А мојот Бог, Кој е семокен, нека те благослови, и нека те издигне и нека те умножи, та од тебе да настанат многи народи;
4 да ти го даде благословот на Авраама, мојот татко, тебе и на потомството твое со тебе, за да ја наследиш земјата, во која си придојден, а која Бог му ја даде на Авраама!'
5 Така Исак го испрати Јакова, и тој отиде во Месопотамија при Лавана, синот на Ватуила Арамеецот, кај братот на Ревека, мајката на Јакова и Исава.
6 Кога Исав виде како Исак го благослови Јакова и го испрати во Масопотамија арамејска, оттаму да се ожени, и како благословувајки го, му заповеда : 'Немој да се ожениш со некоја од керките хананејски',
7 и дека Јаков го послуша таткото свој и мајката своја, и отиде во Месопотамија;
8 увиде Исав дека керките хананејски не му се по воља на Исака, таткото негов,
9 па затоа отиде кај Исмаила, и покрај жените свои ја зеде за жена Маелета, керката на Исмаила, синот Авраамов, сестра Навајотова.
10 Јаков, пак, ја напушти Вирсавија и отиде во Харан,
11 па најде едно место, и таму пренокева, бидејки сонцето беше зашло. И заде еден камен од тоа место, и си го кладе под главата, па заспа на тоа место.
12 И виде сон : ете, скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и Ангели Божји се качуваа по неа и слегуваа.
13 А ете, Господ стоеше на неа, Кој му рече : 'Јас сум Господ Бог на таткото твој Авраама и Бог Исаков, не плаши се. Оваа земја, на која спиеш, тебе ке ти ја дадам и на потомството твое;
14 а потомството твое ке биде колку песокта на земјата; ти ке се рашириш на запад и на исток, и на север и на југ, и сите племиња на земјата ке се благословуваат со тебе и во потомството твое.
15 И еве, Јас сум со тебе, и ке те пазам секогаш каде и да појдеш, и ке те вратам во оваа земја, и нема да те оставам се додека не го извршам она што сум ти рекол.'
16 А кога се разбуди Јаков од сонот, си рече : 'Сигурно е Господ на ова место; а јас не знаев!'
17 Се уплаши и рече : 'Колку е страшно ова место! Не е друго, а е дом Божји, ова е вратата небеска!'
18 И стана Јаков утредента рано, го зеде каменот, што го беше ставил под глава, и го постави како спомен, па го прелеа со масло.
19 И тоа место Јаков го нарече Ветил, односно дом Божји; а порано името на овој град му беше Луз.
20 И се зарече Јаков, велејки : 'Ако Господ Бог биде со мене и ме запази на овој пат, по кој одам, и ако ми даде леб да јадам и облека да се облекувам,
21 и се вратам здрав во домот на таткото мој, и ми биде Господ Бог мој,
22 тогаш овој камен што го поставив за спомен ке ми биде дом Божји. И од се, што ке ми дадеш, ке Ти давам Тебе дел десетти.'