Битие. Chapter 34
1 Дина, керката на Лија, која му ја роди на Јакова, излезе за да ги види девојките во тој крај.
2 Но ја виде Сихем, синот на Емореецот, кнез на таа земја, ја зеде и спа со неа, и ја осрамоти.
3 И му се припи срцето негово за Дина, керката на Јакова, и тој ја засака девојката, и гледаше да ја придобие.
4 И му рече Сихем на Емора, таткото свој, велејки: 'Ожени ме со онаа девојка!'
5 А Јаков чу дека синот Еморов ја осрамотил Дина, керката негова; но, бидејки синовите негови беа в поле со добитокот негов, Јаков замолча додека не дојдат тие.
6 Тогаш Емор, таткото Сихемов, отиде кај Јакова да поразговара со него.
7 А кога дојдоа синовите на Јакова од полето и слушнаа што станало, силно се нажалостија и огорчија многу, зашто тој му нанел срам на Израилот, преспивајки со керката на Јакова, што не требаше да го направи.
8 А Емор им рече, велејки: 'Синот мој Сихем од срце ја засака вашата керка. Дајте му ја за жена!
9 И посватете се со нас; керките ваши мажете ги за нас и со керките наши женете се.
10 Па живејте со нас, и земјата е пред вас; населувајте ја, движете се слободно и создавајте свои имоти.'
11 А Сихем му рече на таткото на девојката и на браката нејзини: 'Само да најдам милост пред очите ваши, и ке ви дадам се што ке ми кажете.
12 Побарајте најголем откуп и дарови: јас ке ви дадам се, што и да ми кажете; само дајте ми ја момата за жена.'
13 А синовите на Јакова му одговорија на Сихема, и на таткото негов, неискрено. А така одговорија, бидејки беше ја осрамотил Дина, сестрата нивна.
14 И им рекоа: 'Не можеме тоа да го направиме, да ја дадеме сестрата наша за човек необразан, зашто тоа е срамно за нас.
15 Но ке се согласиме со вас и ке се населиме кај вас, само ако сакате да се изедначите со нас и да ги обрежете сите ваши машки.
16 Тогаш ке ги мажиме нашите керки за вас и ке се жениме со вашите керки, ке се населиме кај вас и ке станеме еден народ.
17 А ако не не послушате да се обрежете, ние ке ја земеме нашата керка и ке си отидеме.'
18 И по воља им беа зборовите нивни на Емора и на Сихема, неговиот син.
19 И момчето, не двоумејки се, го направи тоа веднаш, бидејки многу ја засака керката на Јакова. А тој беше најпочитуван ме у своите во домот на неговиот татко.
20 И застана Емор и син му Сихем пред портите од нивниот град, и им рекоа на жителите од својот град, велејки:
21 'Овие лу е се мирни, сакаат да се населат во оваа зења и слободно да се движат по неа; а еве - земја има и за нив. Па нека ги земаме нивните керки за жени, а и нашите да им го даваме ним.
22 Но се согласуваат со нас така да живеат и да станеме еден народ, само ако сите машки ме у нас се обрежат, како што се тие обрезани.
23 Нивните стада и нивниот имот и сиот нивни добиток нема ли да бидат и наши? Само да се согласиме со нив, и тие ке останат со нас.'
24 И сите што излегуваа од портите на градот нивни го послушаа Емора и Сихема, синот негов; и се обрезаа сите машки.
25 А на третиот ден, додека тие уште беа во болки, двајцата синови Јаковови, Симеон и Левиј, браката на Дина, го зедоа секој својот меч и слободно влегоа во градот и ги изубија сите машки.
26 Го погубија и Емора, и синот негов Сихем, со остар меч, и, откако ја зедоа Дина од домот на Сихема, си отидоа.
27 Тогаш дојдоа синовите на Јакова кај убиените, и го ограбија градот, зашто во него беше осрамотена сестрата нивна.
28 И ги зедоа овците нивни, и добитокот нивни, и ослите нивни, се што беше во градот и се што имаше во полето.
29 И сето богатство нивно, и децата и жените нивни ги пленија, и ограбија се, што имаше во градот и во куките.
30 Тогаш Јаков им рече на Симеона и на Левиј: 'Ме смутивте и ме омразивте кај народот од оваа земја, кај Хананејците и Ферезејците. Јас имам малку лу е; тие ке се соберат против мене, ке ме убијат, та ке бидам истребен јас и домот мој.'
31 А тие рекоа: 'Зар со сестрата наша да постапуваат како со блудница?'