Битие. Chapter 35
1 И му рече Бог на Јакова: 'Стани, оди горе во Ветил и живеј таму; и направи таму жртвеник на Бога, Кој ти се јави, кога бегаше од лицето на Исава, братот твој.
2 Тогаш Јаков им рече на своите домашни и на сите, кои беа со него: 'Исфрлете ги идолите, што се кај вас, па исчистете се и преоблечете се.
3 Да се кренеме и да отидеме во Ветил; таму ке направам жртвеник на Бога, Кој ме чу во денот на невољата моја, и беше со мене и ме спаси на патот, по кој одев.'
4 И му ги дадоа на Јакова сите идоли, што беа во нивни раце, и обетките, - што ги имаа на ушите; и ги закопа Јаков под дабот кај Сихем; ги остави непознати до денешен ден.
5 Потоа отиде Израил. А страв Божји ги беше спопаднал околните градови, та не се кренаа во потера по синовите Израилеви.
6 И Јаков дојде во Луз, во земјата Хананска, а тоа е Ветил, тој сам и лу ето што беа со него,
7 и направи таму жртвеник, и го нарече тоа место: Ел-Ветил, зашто таму му се беше јавил Бог, кога бегаше од лицето на Исава, својот брат.
8 Тогаш умре Девора, доилката на Ревека, и ја погребаа подолу од Ветил, под дабот, кого Јаков го нарече Плачи-даб.
9 И му се јави Бог на Јакова во Луз, откако се врати од Месопотамија, и го благослови Бог.
10 И му рече Бог: 'Името ти е Јаков, но отсега нема да се именуваш Јаков, името ке ти биде Израил.' И го нарече Израил.
11 И уште му рече Бог: 'Јас сум твој Бог; плоди се и множи се; народ и многу народи ке настанат од тебе и цареви ке излезат од твоето колено.
12 И ти ја дадов земјата, што му ја дадов на Авраама и на Исака, твоја да биде, а и на потомството твое ке му ја дадам оваа земја.'
13 Потоа Бог се издигна од местото, каде што му зборуваше.
14 А Јаков подигна споменик на истото место, каде што му зборуваше Бог; споменик од камен, па го покропи и го прелеа со елеј.
15 И Јаков го нарече тоа место, каде што му зборуваше Бог, Ел-Ветил.
16 И отиде Јаков потаму од Ветил, и го распна шаторот свој подалеку од кулата Гадер. А кога им преостана уште маку пат до Ефрат, Рахил роди, и породувањето и беше тешко.
17 А кога породилните маки и беа најтешки, бабицата и рече: 'Не плаши се, и ова ке ти биде син.'
18 А кога душата ја напушташе, бидејку умираше, го нарече Венони, т. е. син на болките мои. Но таткото му даде име Венијамин.
19 И умре Рахил, и ја погребаа крај патот што води кон Ефрат, а тоа е Витлеем.
20 И подигна Јаков споменик над гробот нејзин. Тоа е споменикот на гробот Рахилин до денешен ден.
21 А кога замина оттаму, Израил го распна шаторот свој зад кулата Гадер.
22 И кога Израил живееше во таа земја, отиде Рувим, та легна со Вала, наложницата на неговиот татко Јаков. И тоа го дочу Израил и се огорчи. А Јаков имаше дванаесет синови.
23 Синовите Лиини беа: Рувим, првенецот Јаковов, и по него Симеон, Левиј, Јуда, Исахар и Завулон.
24 А синовите на Рахил беа: Јосиф и Венијамин.
25 Синови, пак, на Вала, робинката на Рахил, беа Дан и Нефталим.
26 А синови на Зелфа, робинката Лиина, се: Гад, Асир. Тоа се синови Јаковови, кои му се родија во Месопотамија.
27 И дојде Јаков кај Исака, таткото свој, кој уште беше жив во Мамре во Киријат-Арби, односно во Хеврон, во земјата Хананска, каде што Авраам и Исак беа придојдени.
28 А Исак имаше сто и осумдесет години.
29 И изнемоштен, умре Исак, и беше прибран кај родот свој, бидејки стар и сит од животот. А го погребаа синовите негови Исав и Јаков.