Битие. Chapter 42

1 Кога Јаков чу дека во Египет има жито, им рече на синовите свои: 'Што чекате?'
2 И им рече: 'Ете, слушам дека во Египет има жито; одете таму и купете ни жито, за да останеме живи и да не умреме.'
3 И десетмината брака Јосифови отидоа во Египет да купат жито.
4 А Венијамина, братот Јосифов, Јаков не го пушти со браката негови, велејки: 'За да не го снајде по патот некоја несрека.'
5 И дојдоа синовите Израилеви да купат жито заедно со другите што доа аа, бидејки и во земјата Хананска владееше глад.
6 А Јосиф беше управител во земјата; тој и му продаваше жито на сиот народ од таа замја. И браката Јосифови, кога дојдоа, му се поклонија до лицето доземи.
7 А Јосиф, штом ги виде браката свои, ги позна; но се држеше настрана од нив, и остро им проговори и рече: 'Од каде сте дојдени?' А тие одговорија: 'Од земјата Хананска, да купиме храна.'
8 Јосиф, пак, ги позна браката свои, но тие него не го познаа.
9 И се сети Јосиф за соништата, што ги беше сонил за нив, па им рече: 'Вие сте разузнавачи. Сте дошле да ги извидите слабите места на оваа земја.'
10 А тие му рекоа: 'Не сме, господару, туку слуги твои, што дошле да купат храна;
11 сите сме синови на еден човек, чесни лу е сме; слугите твои никогаш не биле разузнавачи.'
12 Тој, пак, им рече: 'Не, туку сте дошле да извидите каде е слабоста на оваа земја.'
13 А тие рекоа: 'Ние бевме дванаесет брака, слугите твои, синови на еден човек во земјата хананска; и, ене, најмалиот денес е со таткото наш, едниот го нема веке.'
14 Тогаш Јосиф им дофрли: 'Ви реков јас - вие сте разузнавачи.
15 Туку вака сакам да се уверам: Се колнам во животот на Фараонот, дека вие нема да излезете одовде, ако не дојде ваму најмалиот брат ваш.
16 Испратете еден од вас, и тој нека го доведе вашиот брат; а вие ке бидете задржани овде додека не видам дали е вистина тоа што го велите; инаку сте разузнавачи, жими животот на Фараонот.'
17 И ги стави под стража за три дена.
18 А на третиот ден им рече: 'Ако сакате да останете живи, еве што ке направите, зашто јас се плашам од Бога:
19 ако сте чесни лу е, еден брат од вас нека остане овде под стража, а вие одете и однесете го купеното жито колку што им треба на вашите семејства.
20 А потоа доведете го кај мене најмалиот брат ваш, за да се потврдат зборовите ваши. Ако ли не, ке загинете.' И тие постапија така.
21 И си рекоа еден на друг: 'Тешко нам! Ова е казната поради братот наш; не ја почувствувавме маката на душата негова кога ни се молеше, но ние се оглушивме. О затоа и не снајде ова зло.'
22 А Рувим им одговори, велејки: 'Зар не ви реков јас - не грешете му на детето? Но вие не ме послушавте; и, еве, сега од нас се бара крвта негова.'
23 А тие на знаеја дека Јосиф ги разбира, зашто се него разговараа преку преведувач.
24 Тогаш Јосиф се оддели од нив и заплака. Потоа пак се врати при нив, и проговори со нив, па земајки го од нив Симеона, го врза пред очите нивни.
25 И заповеда Јосиф да им ги наполнат вреките нивни со жито, а парите, кој колку што дал, да им ги вратат секому во вреката, и да им дадат храна за по пат. И така беше направено.
26 Па, откако го натоварија житото на ослите свои, си заминаа оттаму.
27 А еден од нив, кога нокеваа, ја отвори вреката, за да го нахрани ослето свое, и ги виде парите свои одозгора во вреката;
28 им рече на браката свои: 'Јас ги добив парите мои назад, еве ги во мојава врека.' И затрепери срцето во нив. Се уплашија и си рекоа: 'Што ни го направи Бог ова!'
29 И, откако дојдоа кај Јакова, таткото нивни, во земјата Хананска, му раскажаа за се, што им се случи, велејки:
30 'Остро зборуваше со нас човекот, што заповеда во таа земја, и не задржа в затвор како разузнавачи.
31 А ние му рековма дека сме чесни лу е, никогаш не сме биле разузнавачи.
32 Дванаесет брака сме синови на нашиот татко; едниот веке го нема, а најмалиот е денес со таткото наш, во земјата Хананска.
33 Но човекот што заповеда во таа земја, ни рече: ‘Вака ке дознаам дали сте чесни лу е. Еден од браката нека остане овде кај мене, а вие купеното жито земете го и одете си.
34 А потоа доведете го при мене братот ваш најмал, за да се уверам дека не сте разузнавачи, туку чесни лу е. Тогаш братот ваш ке ви го пуштам, и ке можете да тргувате во оваа земја.'
35 И празнејки ги вреките свои, за чудо, секој си го најде во вреката своето кесе со парите негови. Кога ги видоа кесињата со парите нивни, тие и таткото нивни се уплашија.
36 И им рече Јаков, нивниот татко: 'Децата ми ги запустивте; Јосифа го нема, го нема и Симеона, па и Венијамина ли ке ми го земете? Сето ова на мене се струпа.'
37 Тогаш проговори Рувим и му рече на таткото свој: 'Двата мои сина уби ги, ако не ти го доведам; дај го во мои раце, и јас ке ти го вратам.'
38 А тој рече: 'Нема да појде син ми со вас, зашто брат му негов умре и тој остана сам; па, ако се случи некоја несрека на патот, по кој ке одите, стар ке ме турнете со тага в гроб.'