Битие. Chapter 15
1 По оние настани би слово Господово кон Авраама во видение ноке и му рече: 'Не бој се, Авраме! Јас сум ти закрила, и наградата твоја ке биде многу голема.'
2 А Аврам рече: 'Господи, зошто да ми дадеш кога сум без пород; а домакин во мојата кука е Елиезер дамаскинецот.'
3 И пак рече Аврам: 'Бидејки, Ти не ми даде потомство, ете, затоа еден од домашните во куката моја ке биде наследник.'
4 Но Господ пак проговори: 'Нема тој да ти биде наследник, туку оној, што ке излезе од тебе, тој ке ти биде наследник.'
5 Па го изведе надвор и му рече: 'Погледни на небото и изброј ги sвездите, ако можеш да ги изброиш.' И му рече: 'Толкаво ке биде потомството твое.'
6 И Му поверува Аврам на Господа Бога, и тоа му се прими за оправдание.
7 И му рече: 'Јас сум Бог, Кој те изведе од Ур Халдејски за да ти ја дадам оваа земја, да ја владееш.'
8 А тој рече: 'Господи, Господи, по што ке познаам дека ке ја наследам?'
9 И му рече: 'Принеси му јуница, од три години, и коза тригодишна, и овен, од три години, а и грлица и млад гулаб!'
10 И тој го зеде сето тоа, и ги пресече на половина и ги стави сите половини една спроти друга; но птиците не ги преполови.
11 А птици грабливки слетуваа на тие мрши; но Аврам ги бркаше.
12 А кога сонцето беше на залез, го совлада Аврама длабок сон, и ете, го опфати голем мрак - и го обзеде ужас.
13 И Господ му рече на Аврама: 'Знај дека потомците твои ке бидат придојдени во ту а земја, ке робуваат и ке ги мачат четиристотини години.
14 Но на народот, на кој ке му служи, Јас ке му судам; потоа тие ке излезат оттаму со големо богатство.
15 А ти ке отидеш кај татковците свои во мир, и ке бидеш погребан во длабока старост.
16 Тие, пак, во четвртото колено ке се вратат ваму; зашто мерката на безаконијата Аморејски уште не превршила.'
17 А штом сонцето зајде, падна мрак, и ете, дим како од печка и огнен пламен поминува ме у оние делови.
18 Во тој ден Господ направи завет со Аврама, велејки: 'На потомството твое му ја давам оваа земја од реката во Египет до големата река Еуфрат:
19 Кенејците, Кенезејците, Кедмонејците,
20 Хетејците, Ферезејците, Рефаинците,
21 Аморејците, Хананејците, Гергесејците и Јевусејците!'