Јов
1 Имаше еден човек во земјата Уз, по име Јов; тој човек беше непорочен, праведен, богобојазлив и го одбегнуваше злото.
2 И му се родија седум синови и три керки.
3 Имотот му беше: седум иљади овци, три иљади камили, петстотини рала волови, петсоттини ослици и мошне многу слуги; и тој човек беше најпрочуен ме у сите синови на Исток.
4 Синовите негови се собираа и приредуваа гозби секој во домот свој, на својот ден, а ги покануваа и трите свои сестри да јадат и да пијат со нив.
5 Кога завршуваа дните на гозбите, Јов ги повикуваше, та ги советуваше, и станувајки изутрина рано, принесуваше сепаленици по бројот на сите нив и едно теле за грев на душите нивни. Зашто Јов велеше: можеби синовите мои згрешиле и го навредиле Бога во срцето свое. Така постапуваше Јов во сите такви денови.
6 Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господа; ме у нив дојде и сатаната.
7 И му рече Господ на сатаната: 'Од каде дојде?' А сатаната му одговори на Господа и рече: 'Одев по земјата и ја обиколив.'
8 И Господ му рече на сатаната: 'Обрна ли внимание на мојот слуга Јов? Оти на земајта нема таков како него: човек непорочен, праведен, боговојазлив и кој го одбегнува злото.'
9 Му одговори сатаната на Господа и рече: 'Зар попусто Јов е богобојазлив?
10 Не го огради ли Ти него и куката негова наоколу и се што има тој? Ти ги благослови делата на рацете негови, стадата негови се шират по земјата;
11 но пружи ја раката Своја и допри се до се што е негово, ке Те благослови ли тогаш.'
12 И му рече Господ на сатаната: 'Еве, се што е негово, е во твоја рака; само врз него не кревај рака? - И си отиде сатаната од лицето Господово.
13 Еден ден синовите и керките на Јова јадеа и пиеја вино во куката на првородениот брат свој.
14 И ете, доа а известувач при Јова и вели: 'Воловите ораа и ослиците пасеа покрај нив,
15 кога Савејците нападнаа и ги отераа, а момоците со остар меч ги погубија; избегав само јас за да ти јавам.'
16 Додека уште говореше, дојде друг и вели: 'Оган Божји од небото падна, ги изгори овците и момоците и ги голтна; и побегнав само јас, за да ти јавам.'
17 Додека тој говореше, дојде трет па вели: 'Халдејците, наредени во три чети, нападнаа на камилите и ги отераа, а момците со остар меч ги погубија; само јас избегав, за да ти јавам.'
18 И додека тој уште говореше, се појави друг и рече: 'Синовите и керките твои јадеа и пиеја во куката на првородениот брат свој;
19 ете, дувна силен ветар откај пустињата и ги зафати четирите агли на куката; куката се урна врз децата и тие умреа; се спасив само јас, за да ти јавам.'
20 Тогаш Јов стана, ја раскина горната облека, ја острига главата своја и падна на земја, па се поклони
21 и рече: 'Гол излегов од утробата на мајка ми, гол и ке се вратам. Господ даде, Господ го зеде; како што му беше угодно на Господа, така и станува. Нека е благословено името Господово!'
22 Во сето тоа Јов не згреши и ништо неразумно не изрече за Бога.